Macedonian Stock Exchange

Macedonian Stock Exchange

FLASH

06.09.2010 09:56:23

Последни вести


Комерцијален оглас
 

Дневни листи


ПОСТОЈАНИ ОБВРСКИ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ

   Заради одржување на регулиран пазар на хартии од вредност и обезбедување на истовремен пристап до информациите за работењето на котираното друштво на сите учесници од голема важност е издавачот чии хартии од вредност котираат, да ги објавува сите ценовно чувствителни информации нужни за проценка на моменталната состојба на друштвото. Издавачот ги објавува сите ценовно чувствителни информации преку интернет апликацијата за известувања од страна на котираните друштва СЕИ-НЕТ, кои преку интернет страната на Берзата се достапни за јавноста.
 
Обврска на котираното без одлагање, да ги објави сите ценовно чувствителни информации сврзани со деловното работење и тоа:
 

- одлуки за промена или престанок на дејноста на трговското друштво или холдингот што имплицира промена во општата деловна ориентација на издавачот како и сите измени во Статутот на друштвото,
- припојување, спојување, поделба или преземање на друштвото,
- нови инвестиции во основни средства или во хартии од вредност кои надминуваат 10% од капиталот на друштвото или превземени зафати на заедничко вложување,
- потпишување или раскинување на значаен договор или промени во деловниот/инвестициониот план.
- ново откритие или промени на клучната позиција на друштвото на пазарот, како резултат на вонредни околности,
-
промени во органите на управувањето на друштвото


Котираното друштво е должно да ги објави сите ценовно чувствителни информации сврзани со својот капитал и тоа за:
 

- зголемувања / намалувања на основната главнина или измени во структурата на капиталот,
- сите промени во правата кои припаѓаат на било кој вид котирани хартии од вредност,
- одлуки за откуп или продажба на сопствени акции, согласно одредбите на Законот за трговски друштва,
-
купување и продавање на акции на друштвото од страна на членови на Управниот или Надзорниот Одбор односно членови на Одборот на директори во следниве случаи:
а) купување или продавање на акции во вредност од 10.000 EUR или повеќе во текот на еден ден на тргување;
б) кумулативна вредност на сите купувања (или продавања) на акции во вредност од 10.000 EUR или повеќе во период од 30 календарски дена и
в) секое купување или продавање на акции во вредност од 0,5% од вкупниот број на акции со право на глас во друштвото.


Котираното друштво ги објави и сите ценовно чувствителни информации сврзани за промените во финансиската состојба и тоа за:
 

- осетни намалувања на добивката, големи загуби или значајни зголемувања на добивката во два последователни периоди,
- информации во врска со профитот, односно известување дека предвидената профитна динамика не кореспондира со тековните активности,
- купување или продажба на имот кое надминува 10% од капиталот на друштвото,
- нови кредитни задолжувања.


Хартии од вредност во посед на јавноста
 
   За потребите на континуирано пресметување на процентот на акциите во посед на јавноста, издавачот е должен, без одлагање, писмено да ја известува Берзата ако пропорцијата на котирани обични акции во сопственост на јавноста паднала под минимумот од 200 за акциите кои котираат на суперкотација, за акциите од берзанската котација и 50 за котација на обврзници.
 

Известување за значителни удели
 
   Издавачот мора да објави известување за сите промени на сопственоста и тоа кога одредени сопственици се стекнале со 5% од главнината на акциите со право на глас или доколку некој од сопствениците кои поседувале над 5% од акциите со право на глас го намалиле своето учество во акционерскиот капитал на друштвото.

Собрание на акционери
 

   Котираните друштва согласно правилата за котација се обврзани да го објават јавниот повик за одржување на Собрание на акционери најмалку 21 ден пред денот на одржување и во најмалку еден дневен весник во Република Македонија.
 
   Доколку издавачот објави јавен повик за свикување на собрание на акционери во дневен весник, а истиот не го објави преку СЕИ-НЕТ, берзата може самата да го објави веќе објавениот јавен повик.
 
   Друштвата на котација на македонската берза  се должни да ја објават содржината на следните одлуки преку интернет апликацијата за известување од страна на котираните друштва СЕИ-НЕТ, доколку истите биле донесени на седница на Собранието на


акционери:
 

-
одлука за усвојување на финансиски извештаи
-
одлука за распределба на добивка
-
одлука за распределба на дивиденда и утврдување дивиденден календар
-
одлука за измени во правата на издадените хартии од вредност
-
одлука за промена на членови на органи на управување
-
одлука за статусни промени на друштвото.

   Котираните друштва до Берзата се должни покрај соопштенија за одржување на Собрание на акционери и предлози за висината на дивидентата по акција, во денари и во процентуален износ од номиналната вредност на една акција. Доколку Собранието на друштвото донело одлука за распределба на дивиденда, котираното друштво е должно до Берзата да го достави дивидендниот календар во кој треба да бидат утврдени:
 

- датумот на пресек на акционерската книга, кој треба да биде најмалку 14 дена од денот на одржување на Собранието на акционери на кое е донесена одлуката за делење на дивиденда,
- последниот датум на тргување со право на дивиденда и првиот датум на тргување без право на дивиденда,
- временскиот рок (датумот) за исплата на дивидендата и начинот на исплата на дивидендата.


Обврски за објавување на финансиски извештаи


   Котираните друштва на берзата се должни да ги објават целосните консолидирани ревидирани финансиски извештаи (Ревизорско мислење, Биланс на состојба, Биланс на успех, Извештај за паричните текови, Извештај за промените во капиталот и Белешките кон финансиските извештаи) и Годишниот извештај за работењето во рок од 7 дена по усвојувањето од Собранието на акционери.
  
  Друштва котирани на официјалниот пазар се должни да ги објават и тримесечните, шестмесечните и деветмесечните кумулативни, неконсолидирани, неревидирани Биланси на успех во рок од 45 дена по истекот на периодот на кој се однесува Билансот на успех, како и годишен неревидиран кумулативен Биланс на успех во рок од 60 дена по истекот на календарската година на која се однесува Билансот на успех. Издавачот е должен, заедно со шестмесечниот и годишниот Биланс на успех, да објави и неревидиран Биланс на состојба за периодот како и сите останати извештаи кои ги објавува во Регистарот на акционерските друштва со посебни обврски за известување кои се водат во Комисијата за хартии од вредност.

   За друштвата кои се на Суперкотација и на Берзанска котација постојат специфични услови и рокови за објавување на информации и настани до Берзата и инвеститорите. Доколку друштвата не се приджуваат кон специфичните рокови за објавување Берзата може времено да го прекине тргувањето со акциите на друштвото.

Последната верзија на Правилата за котација може да ја прегледате тука...